Сквадронот на борбени хеликоптери (сбх), пилотите на хеликоптерите Ми-24, и техничкиот персонал за одржување и опслужување, на ден 20.09.2018 година, во оперативна употреба ги стави двата ремонтирани хеликоптери Ми-24, од воздухопловната бригада (вбр), Петровец.
По подолго време пилотите конечно тренажерот од типот М-24 го заменија со хеликоптер Ми-24, а со тоа значително е зголемена борбената моќ на вбр и Армијата на Република Македонија.
Во изминатиот период како подготовка за враќањето во тренажа на персоналот, се спроведоа неопходни подготовки во тренажа и обновување на обуките и процедурите за летање со хеликоптер Ми-24 во сите услови и можности на хеликоптерот Ми-24.
Исто така хеликоптерите ќе земат учество и на вежбата “Предизвик-18” која ќе се реализира во наредниот период.
ГИ/ЧС/БН