Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со одбранбеното аташе на Република Турција за Република Македонија, полковник Бурхан Урек.
На средбата, стана збор за досегашната воена соработка помеѓу двете армии и согледување на можностите за интензивирање на истата во наредниот период, во склоп на искажаните заеднички потреби.
Генералот Ѓурчиновски изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Република Турција, особено за досегашните донации во опрема, обуката и школувањата на припадници на АРМ во воените образовни институции на турските оружени сили, како и учеството на нашите припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ во рамки на турскиот контингент.
Подоцна, одбранбеното аташе на Република Турција, полковник Урек оствари средба и со заменик на НГШ на АРМ, генерал мајор Азим Нуредин на која се разговараше за допрецизирање на тековните и идни активности во меѓусебната соработка.
Република Турција како членка на НАТО од самиот почеток дава безрезервна поддршка на нашите аспирации да станеме полноправна членка во оваа воена асоцијација.
TJ