Центарот за електронско извидување (ЦЕИ), која е првопотчинета единица на Генералштабот на АРМ, во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје го одбележаа 9-ти ноември, Денот на единицата.
Директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, честитајќи им го денот на единицата на припадниците на единицата, им упати признание за вложениот труд во изградбата и развојот на оваа единица која има големо значење во системот на одбраната на Република Македонија.
Командантот на ЦЕИ, потполковник Марјан Масевски по краткиот историски осврт на овој род за електронско војување, посочувајќи дека изреката „Секогаш будни и служиме во тишина“ ја отсликува посветеноста, истрајноста и беспрекорноста во извршувањето на задачите.
По повод Денот на единицата , беа доделени стимулативни мерки на дел од припадниците кои се истакнале и постигнале резултати во работата и обуката.
На свеченоста покрај директорот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Зоран Милески, присуствуваа и бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, претставници од ГШ на АРМ, од командите и единиците на АРМ и гости од институциите со кои соработува единицата.
Мисијата на Центарот за електронско извидување е собирање на разузнавачки податоци по пат на електронско извидување и собирање на податоци значајни за безбедноста и одбраната на Република Македонија.
Со одлука на Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, за ден на ЦЕИ е одреден 9-ти Ноември, датум кога е формиран родот Електронско извидување и противелектронски дејства во 1995 година.