Делегација од Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана, по повод навршувањето на петнаесет години од загинувањето на десетте припадници на Армијата на Република Македонија, положи венци со свежо цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак.
Петнаесет годишнината од несреќата се одбележа и во Прилеп, каде делегација на Министерството за одбрана и генералштабот на АРМ по истиот повод положи венец свежо цвеќе пред комплексот „Карпалак“.
Во нападот на армиските сили во месноста Карпалак на 8-ми Август 2001 година животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.