Од 21 до 25.01.2019 година, во Кампот за обука „Пепелиште“, како дел од планирачкиот процес се реализира националната работилница за вежбата „REGEX 19“, планирана за реализација во период од 14.10 до 18.10.2019 година во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ – Велес.
На почетокот од националната работилница, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето на вежбата и ги акцентираше обврските и одговорностите на лидерите на синдикати.
За време на работилницата се дефинирани и реализирани следните активности:
- Развивање и одредување на целите на обуката (Training objectives) за вежбата „REGEX 19“;
- Дефинирање на агендата и сценариото за Денот на високи гости;
- Развивање на сценарио – модул 2;
- Развивање на концепт за логистичка поддршка за вежбата и извидување на логистички капацитети ;
- Дефинирање на главната листа на учесници на вежбата.
Реализираните активности заедно со прилозите, анексите и заклучоците беа вградени во организациската наредба на вежбата од страна на лидерите на синдикати и директорот на вежбата. Изготвените документи претставуваат солидна основа за непречена и успешна реализација на вежбата „REGEX 19“.
ЗВ/ЗМ/ЧС