Денес, во касарната „Илинден“ во полкот за Специјални Операции се реализираа ревијални натпревари како дел од програмата за одбележување на јубилејот „25 години Сили за Специјални Операции“.
Прв ревијален настан беше шаховската симултанка на велемајсторот Јакимовиќ од Шаховската Федерација со 16 припадници од полкот. По овој настан следеше фудбалски натпревар помеѓу ветераните во полкот кои се примени во единицата во 1994 година со екипа од полкот составена од припадници кои се родени во 1994 година. На крај се реализираше кошаркарски натпревар помеѓу кошаркарска екипа од СУГС – Гимназија „Јосип Броз Тито“ и екипа од полкот. Денешниот настан помина во пријатна пријателска атмосфера.
Во текот на утрешниот ден припадник од баталјонот за Специјални Намени по повод јубилејот „25 години Сили за Специјални Операции“ во реонот на Скопје ќе трча 25 километри за време под 1 час и 40 минути.