Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоназначеното нерезидентно одбранбено аташе на Украина акредитиран за Република Македонија, полковник Андриј Мирошниченко.
Тема на денешните разговори во Генералштабот беше досегашната билатерална соработка во областа на одбраната меѓу двете армии како и продолжување на соработката од областа на одбраната посебно во доменот на воената техника.