Врз основа на календарот за обука на Здружено оперативната команда (ЗОК) за 2019 година старешините и цивилните лица од ЗОК, предводени од командантот на ЗОК, генерал-мајор Павле Арсоски, реализираа кондиционо рекреативен марш на релацијата месност Менкова Колиба – село Горно Коњаре при што беа препешачени околу 17-тина километри пат.
Ваквите активности кои согласно Планот за обука се изведуваат неколкупати годишно и се одлична можност за припадниците од командата да ја одржат кондицијата на потребно ниво. Кондициониот марш е планска активност на командата, во согласност со годишниот календар за обука и служи за проверка и подобрување на физичката состојба на припадниците на ЗОК.
Со реализацијата на кондициониот марш припадниците од ЗОК се запознаа со теренот, населените места и објекти како и со стратегиските и тактички правци на дел од зоната на одговорност.
За време на маршот се презедоа сите мерки на безбедност и заштита на животите и здравјето на луѓето, како и мерки за заштита на животната средина и природата.
Активноста заврши со превезување на припадниците на ЗОК назад во касарната „Боро Менков“ – Куманово.
ЧС/БН