Од 13–ти до 17-ти мај, во издвоениот објект „Радожда“, се одржа националната работилница за вежбата „REGEX 19“, која е дел од планирачкиот процес, а истата ќе се реализира во време од 14-ти до 18-ти октомври во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес.
На самиот почеток, директорот на вежбата полковник Звонко Мајсторски го истакна значењето на вежбата и ги акцентираше сите обврски и одговорности на лидерите на синдикати.
За време на националната работилница се дефинирани и реализирани следните активности:
- Изработен е финален драфт на планот на вежбата „REGEX 19“;
- Изработен е оперативниот план на претпоставената команда (LCC/HICON);
- Дефинирање на агендата и сценариото за Денот на високи гости;
- Развиено е сценариото – модул 3 и модул 4;
- Изработен е иницијален драфт на главната листа на настани и главната листа на инциденти;
- Развивање на концепт за логистичка поддршка за вежбата на логистички капацитети;
- Дефинирање на главната листа на учесници на вежбата.
Изготвените документи се солидна основа за непречена реализиција на вежбата.
ДД/ТЈ/БН