На ден 17.12.2013 година (Вторник) во посета на воздухопловната бригада престојуваа четири пилоти, припадници на военото воздухопловство и противвоздушната одбрана на Р. Италија.
Посетата на претставниците од ВС на Р. Италија е дел од билатералната соработка на двете Армии за размена на искуства и испитување на можна архитектура на Македонскиот ПВО систем вклучувајки го развојот на капацитети за барање и спасување (SAR) и други активности за обука.
Како дел од програмата претставниците од Р. Италија најпрвин беа примени од командантот на воздухопловната бригада, полковник Кире Колевски при што се разговараше за можностите и капацитетите на македонското воено воздухопловство и противвоздушна одбрана. Потоа следуваше презентација за воздухопловната бригада и на крај ги посетија потчинетите единици во состав на бригадата при што остварија и средби со командантите на единиците.
Претставниците од Р. Италија изразија благодарност од гостопримството и задоволство од презентираното со надеж дека ваквиот тип на соработка ќе продолжи и ќе се реализираат целите на ваквите посети.
Соработката со италијанското воздухопловство се реализира во континуитет при што наши пилоти одат во Р. Италија на обука во разни области а нивни пилоти доаѓаат кај нас за размена на искуства кое допринесува за подобрување на процесот за обука и оспособување при извршувањето на летачките задачи.