Заменикот на началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин оствари протоколарна средба со новоназначеното резидентно одбранбено аташе акредитиран во Република Северна Македонија.
Генералот Нуредин упати честитки по повод назначувањето на полковник Стеван Котaрлиќ, кој оваа должност ќе ја извршува во наредниот период.
Во рамки на средбата се разговараше за билатералната соработка помеѓу двете армии, која пред се реализира во доменот на изведување на обука и вежби, користење на капацитетите за обука, како и продолжување на соработката во регионалните иницијативи.