По повод Денот на Републиката – 2 Август, Илинден, Армијата достоинствено се вклучи во одбележување на 116 години од Крушевското востание и 75 години од првото заседание на АСНОМ. Високи воени делегации на Армијата со полагање на свежо цвеќе и воени почести во Скопје, Пелинце и Крушево, учествува во чествувањето на националниот празник.
Делегација предводена од началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски положи свежо цвеќе пред спомениците на АСНОМ, на Никола Карев и пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто. Армиската делегација предводена од директорот на генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев ,на споменикот на Слива на Мечкин Камен во Крушево, а армиска делегација предводена од заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Орце Јордев положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ, во Пелинце.