Денес, 08.04.2014 година во Белград, Р. Србија началникот на штабот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) бригаден генерал Стојан Димчов присуствуваше на денот за високи гости на меѓународната командно штабна вежба „Викинг 14“. во организација на САД и Кралството Шведска, а на која учествува и АРМ.
Вежбата „Викинг 14“ која е седма по ред од оваа серија вежби се изведува во време од 31. март до 10 април 2014 година на неколку локации во Европа, покрај главното место на изведба во Кралството Шведска се изведува и на издвоени места во Србија, Ирска, Бугарија и Грузија и на неа учествуваат преку 2500 учесници од 40 земји и 35 организации.
Оваа година од АРМ на вежбата учествуваат (девет) припадници од кои еден е оценувач, шест се вклучени во структурата на главниот штаб во Кралството Шведска и двајца припадници се вклучени во воспоставена команда на мултинационална бригада во Р. Србија.
На Денот за високи гости во центарот за обука на војската на Р. Србија беа прикажани компјутерски симулации кои се изведуваат во реално време на сите локации на вежбата врз основа на сценариото кое е дизајнирано да обезбеди заедничка обука и работа на воените, полициските и цивилните структури во нестабилно опкружување каде се спроведуваат мировни операции за стабилизација и реконструкција.