На ден 09.04.2014 година на стрелиштето Петровец се изврши школско гаѓање со вооружување на Оклопно Механизираните Единици (вОМЕ) на тенк Т-72 со припадниците на оклопниот баталјон (окб) од составот на првата механизарана пешадиска бригада (1.мпбр).
На гаѓањето присуствуваа Командантот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК) генерал мајор Методија Величковски и Заменикот на Командантот на 1.мпбр полковник Велин Стојановски.
Школските гаѓања се дел од програмските гаѓања со вОМЕ кои се реализираат по претходно успешно реализирани вежби и подготвителни гаѓања. Посадите на тенкот Т-72 претходно мораат успешно да ги поминат наведените гаѓања како услов за извршување на боеви гаѓања кои претставуваат круна на борбената обука на тенковските единици.
Содржината на школското гаѓање на реден број 3 се состои од гаѓање на моментни цели од тенковското вооружување (спрегнат митралез ПКТ 7,62 мм) на Т-72 во движење со кратки застанувања, каде доаѓа до израз вештината и обученоста на посадата на тенкот Т-72 во извршување-решавање на огнени задачи на растојанија од 500-800 метри.
На гаѓањето беа постигнаа одлични резултати и посадите уште еднаш покажаа врвна обученост и сплотеност со тенкот Т-72.