Шивачкиот дуќан Париз од гостиварското село Форино, се приклучи во мерките за заштита од коронавирусот. Во дуќанот деновиве се изработуваат и бесплатно се делат маски на сите луѓе кои не успеале навреме да обезбедат, а имаат потреба да се заштитат на овој начин. Сопственикот Мирсад Салиу, кој е мајор во македонската Армија секојдневно после работното време шие маски за да помогне во борбата против корона.
„Само вчера подарив 120 маски, кои ги шијам сам во мојот шивачки дуќан Париз. Ситуацијата со коронавирусот се прошири секаде, многу луѓе немаат обезбедено заштитни средства па ми дојде идеја да шијам маски и да поделам за „себап“, а преку Gostivarpress.mk информираме што повеќе луѓе на кои им требаат. Дневно правам околу 150 маски. Ги повикувам сите луѓе од околните села и Гостивар на кои им требаат маски да дојдат во дуќанот и слободно да си земат“, вели Мирсад.
Мајор Мирсад ги користи занаетот и желбата да помогне и да испрати порака до сите луѓе, дека хуманоста е многу потребна, особено во ваква кризна состојба, како што е актуелната.
Шивачкиот дуќан Париз, се наоѓа во центарот на Форино.
ИЗВОР : Gostivarpress