На ден 5 јуни во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово со воена церемонија се одбележа тринаесет годишнината од загинување на припадниците од гарнизонот Тетово во воениот конфликт во 2001 година во реонот на селото Гајре.
На церемонијата, пред построените единици командантот на 3.мпб одржа пригоден говор. Потоа пред спомен одбележјето на загинатите, од страна на делегација предводена од командантот на прва механизирана пешадиска бригада бригаден генерал Павле Арсоски, како и роднини и пријатели на загинатите беше положено свежо цвеќе.
По повод денешната активност делегации од 3.механизиран пешадиски баталјон од Тетово положија свежо цвеќе и на гробните места во Битола и Кавадарци.
Со денешното чествување припадниците од АРМ уште еднаш им оддадоа почит на загинатите припадници за нивната храброст, несебичниот и пожртвуваноста во која за одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на нивната татковина Република Македонија несебично го положија и својот живот.