Денес во касарната „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, со воена свеченост припадниците на 3. пешадиски баталјон (3.пб) од составот на 1. пешадиска бригада (1.пбр), со целосно почитување на препораките и мерките за заштита од ширење на вирусот „COVID-19”, го одбележаа Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Бесник Емини, со дел од персоналот од командант и штабот на 1.пбр и командантите на потчинетите единици. Полковник Емини во својот говор упати честитки за денешниот ден и одаде посебно признание за доделениот орден за заслуги за успешно завршената задача во справување со пандемијата на вирусот „COVID-19”.
По повод денот на единицата, командантот на 3.пб, потполковник Изеир Ејупи во своето обраќање истакна: „Денес одбележуваме уште еден ден во вековната борба и стремежите на многу генерации за слободна и независна држава, а денешната свеченост е уште една можност да се потсетиме на нашите славни предци и нивните херојски дела“, но исто така беше потенцирана и денешната пожртвуваност и подготвеност на персоналот во извршување на доделените задачи како онаа во справување на пандемијата во Дебарско-реканскиот крај за што беа одликувани со орден за воени заслуги на врховниот командант, на кое треба да бидат горди сите припадници на 3.пб и Армијата.
По повод денот на единицата за успешноста во работата и извршувањето на работните задачи беа доделени стимулативни мерки.
Со одлука на Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили, 27ми август е прогласен за „Ден на 3.пб“ во чест и сеќавање на традициите од 15та Поречка ударна бригада, која била формирана на овој ден во далечната 1944 година.
ЗА/ИЕ/ГЃ/ЧС