Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија оствари протоколарната средба со одбранбено аташе на Република Хрватска, акредитирано во Република Северна Македонија, полковник Маријана Плеша Чадониќ, при што додели признание за досегашната одлична соработка.
Генералот Ѓурчиновски, изразувајќи благодарност за залагањето и дадениот придонес на полковник Плеша во продлабочувањето на одличната билатерална соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на Хрватска, и врачи златна значка на Армијата за партнерство, координација и соработка за соработка, а по повод Денот на независноста на Република Северна Македонија.
За време на доделувањето на кое присуствуваше и Амбасадорот на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Н.Е, Нивес Тигањ, меѓусебната континуирана воена соработка се истакна како позитивен пример особено во областа на военото образование и обука, каде покрај многубројните заеднички вежбовни активности во двете земји, на највисоките воени школски установи во Република Хрватска се школуваат офицери и подофицери на Армијата.