Амбасадорката на Република Северна Македонија во Косово, Шпреса Јусуфи со амбасадорот на Република Италија, Никола Орландо, командантот на КФОР, генерал мајор Франко Федеричи и потполковник Златко Радојчиќ како најстар национален претставник, го посетија контингентот на мисијата КФОР во кампот во Пеќ.
Во рамки на посетата, беше реализиран состанок на кој гостите беа брифирани од страна на командантот на Регионалната Команда Запад, полковник Франческо Мајорјело и командантот на маневарскиот баталјон, потполковник Антонио Бернардо, во чиј состав е нашиот контингент, а воедно беа истакнати посветеноста и професионализмот во извршувањето на поставените задачи.
За време на посетата, амбасадорката се запозна со дел од опремата со која македонскиот и италијанскиот контингент ја извршуваат доделената мисија.
На крајот од посетата, амбасадорката се сретна со сите припадници на контингентот при што им се заблагодари за несебичното ангажирање и претставување на Армијата и Република Северна Македонија пред НАТО сојузниците и им посака успешно завршување на мисијата.