Воената соработка со Вооружените сили на Република Грција во изведување на заедничка обука во областа на специјалните сили продолжува во тековната 2021 година со повеќе планирани активности, меѓу кои е и основната обука во падобранство, која се изведува во Република Грција.
Падобранската обука која се реализираше согласно НАТО стандардите и процедурите во „Центарот за падобранска обука“ на грчките вооружени сили ја реализираа припадници на Баталјонот за специјални сили и припадници од флајтот за пребарување и спасување од Командата за операции, кои како успешен завршеток од дваесетдневната основна обука реализираа скокови од воздухопловите.
Припадниците од Армијата на Република Северна Македонија со цел успешна реализација на оваа специјалистичка обука, која важи за една од најнапорните во предупатниот период, имаа соодветна предупатна психофизичка подготовка.
Билатералната воена соработка во областа на специјалните сили како континуирана активност се изведува со несмален интензитет.