Во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, со воена свеченост, единиците од гарнизонот го одбележаа 27 aвгуст – Денот на третиот пешадиски баталјон (3.пб). Свеченоста беше организирана во согласност со протоколите и со почитување на мерките и препораките за заштита од COVID – 19.
На свеченоста присуствуваа, началникот на штаб во Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, командантот на 1. пешадиска бригада, полковник Сашко Лафчиски и командантите на потчинетите единици на 1.пбр.
Полковникот Лафчиски, во својот говор упати честитки за денешниот ден и оддаде посебно признание за извршувањето на доделените задачи, како и за асистенцијата во справувањето со мигрантската криза, пандемијата и елементарните непогоди.
Пред стројот на единицата и присутните гости на свеченоста, командантот на 3.мпб, потполковник Изеир Ејупи во своето обраќање се осврна на историјата, традициите и значењето на „27 август“. Воедно им оддаде голема благодарност и признание на војниците и старешините за вложениот труд, лојалноста и одговорноста во извршување на поставените задачи.
По повод денот на единицата беа доделени стимулативни мерки за припадниците на баталјонот кои се истакнале во извршувањето на работните задачи.
Со одлука на Врховниот командант на вооружените сили, 27 август е прогласен за „Ден на 3.мпб“ во чест и сеќавање на традициите од 15. Поречка ударна бригада, која била формирана на овој ден во 1944 година.