Во баталјонот за медицинска поддршка во период од 06.09.2021 до 22.10.2021 год, во одделот за медицинска обука во два дела се реализираше ,,Основен и напреден курс за прва медицинска помош за животоспасувачи” со припадници од составот на медицинскиот вод од лесниот пешадиски баталјон. На курсот слушателите на курсевите и искусните инструктори од одделот за медицинска обука посветено се ангажираа при изведувањето и извежбувањето на предвидените теми и содржини во согласност со планот и програмата.
Треба да се нагласи дека слушателите имаа можност да се стекнат со нови вештини и техники од областа на првата помош и животоспасување кои ги применуваа при изведувањето на курсот, а ќе ги применуваат и понатаму за потребите на својата единица.
По подолг период на изведување на овој курс се постигнати максимален број на бодови на теоретскиот и практичниот тест од страна на посетител, кое и успеа на професионалниот војник Јелена Станојковиќ, што ја отсликува високата мотивираност и посветеност на припадниците на Армијата за достигнување на високите стандарди во различни области на обуката.