Припадниците на инженерискиот баталјон (инжб) во периодот од 22.11. до 26.11.2021 година на армискиот полигон „Криволак“ реализираа стационарно логорување, обука и вежби со боеви минско-експлозивни средства (МЕС). Целта на обуката е персоналот во теренски услови да се извежба во правилна, брза и сигурна изработка и палење на бавногорлива запалка, палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка, уривање на елементи и палење на фугаси.
Планираната обука и вежби со боеви МЕС се реализираа на вежбалиштето за обука на инженериски единици, каде се изведоа следните вежби:
- Изработка и палење на бавногорлива запалка;
- Палење на експлозивно полнење со бавногорлива запалка;
- Палење на единечна детонаторска каписла (ЕДК) со машина за електрично палење, батерија и акумулатор;
- Палење на експлозивно полнење со ЕДК.
- Уривање на елементи и материјали;
- Подготовка и палење на фугаси (каменометна).
За време на вежбите посебно внимание се обрати на мерките за безбедност и заштита и за зачувување на животната средина. Тие се изведоа под контрола, стручен надзор од обучени и оспособени лица за работа со боеви МЕС. На вежбите со боеви МЕС присуствуваше и тим од 4.SFAB (Security Force Assistance Brigades) од Вооружените сили на САД, кој е во инжб за асистенција и советување во обуката од 15.11.2021 година.
СЈ/ЧС