Во касарната „НХ Страшо Пинџур“ во Петровец, се одржа свеченост по повод прием на должност Командант на воздухопловен ВИНГ (вВИНГ).
Пред стројот на единицата и присутните гости во своето обраќање командантот на Команда за операции (КО), бригаден генерал Бесник Емини, истакна дека пред него стои обучен и високо мотивиран колектив кој до сега се има справено со секаков вид на задачи и секојпат биле извршени на највисоко ниво, при што им се заблагодари за залагањето и професионалноста а на потполковник Стоименовски му упати искрени честитки по повод стапувањето на новата должност, со желба за постигнување на уште поголеми резултати во наредниот период.
Новопоставениот командант потполковник Игорчо Стоименовски се заблагодари за укажаната доверба да командува и работи со врвни професионалци при што истакна дека и во иднина ќе продолжат со добрата работа и ќе се трудат да постигнат уште позначајни резултати. Исто така истакна дека ќе ги искористи знаењата и искуствата од досегашното работење, при што очекува поддршка и ангажирање од сите припадници од вВИНГ, во реализација на мисијата и задачите на единицата, со што ќе ја оправда дадената доверба за раководење со оваа единица.
На свеченоста присуствуваа: Командантот на КО, претставници од Генералштабот на Армијата, началници на секции во КО, команданти на единици во Армијата и поранешни команданти на оваа единица.