Во период 29.08.2022 до 02.09.2022 година, во Одделот за медицинска обука при Баталјонот за воено медицинска поддршка, се реализира „Курс за прва медицинска помош и самопомош, на кој зедоа учество припадници на Артилерискиот баталјон од гарнизон Прилеп. Курсот претставува дел од подготовките за мисијата: „Зајакнато истурено присуство“ во Летонија.
Учесниците на курсот се стекнаа со основни знаења за препознавање на живото-загрозувачки состојби како и укажување на прва медицинска помош, а се реализираа и обработија бројни теми и предавања како: имобилизација, евакуација и транспорт, застрелани и прострелни рани, каснување од змии и инсекти, сончаница и топлотен удар, смрзнатини и хипотермија изгореници и друго, како и повеќе практични вежби кои ги реализираа учесниците на курсот.
ЗВ/ММ