Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски,денес, оствари средба со нерезидентното одбранбено аташе на Кралството Норвешка за Република Северна Македонија, потполковник Даг-Магне Лунде.
На средбата беше поздравена континуирано добрата соработка која во досегашниот период е на високо ниво, особено во образованието и обуката, од доменот на воено-медицинската соработка, курсеви и обука од доменот за односи со јавноста. Воедно беа споделени и впечатоците од реализацијата на заедничка парада на Кралската гарда на Норвешка и Баталјонот за почести на Армијата на плоштадот Македонија во Скопје, како и самостојниот концерт на Кралската гарда во знак успешната долгогодишна соработка.