Припадниците на Баталјонот за врски (бв), во касарната „Илинден“- Скопје, со воена свеченост го одбележаа „21 Октомври“ – Денот на единицата.
На свеченоста присуствуваа командантот на Командата за операции, бригаден-генерал Бесник Емини, претставници од Генералштабот на Армијата, Командата за операции, останатите команди и единици во Армијата, како и поранешни команданти на полкот и баталјонот за врски.
Во своето обраќање, командантот на Баталјонот за врски, потполковник Дејан Пешевски се наврати на традицијата на баталјонот, кој е наследник на трансформираниот полк за врски, нагласувајќи го значењето на единицата во обезбедување на комуникациско-инфорациска поддршка на командите и единиците во Армијата.
Командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини, во својот говор истакна дека ефектите и резултатите од работата на припадниците на баталјонот за врски се чувствуваат секојдневно како на мирновремените локации на Армијата, така и на вежбалиштата, полигоните и секаде каде припадниците на Армијата придонесуваат за изградбата на светскиот мир.
Во рамките на одбележувањето на Денот на единицата, беа реализирани повеќе активности меѓу кои крводарителска акција во соработка со Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје, хуманитарна акција со донација на прехранбени продукти и средства за хигиена на социјално загрозени семејства во општина Сопиште, како и спортски натпревари во мал фудбал, баскет, пинг понг и шах.