По повод примопредавање на должност командант на Центарот за индивидуална обука (ЦИО), во Командата за обука и доктрини (КОД), денес во касарната „Алексо Демниевски Бауман“, во Велес се одржа свеченост на која должноста командант на ЦИО од потполковник Виктор Еркиќ ја прими мајор Садат Фера. Мајорот Садат Фера досега ја извршуваше должноста офицер за развој на планови и програми во КОД.
Во своето обраќање пред присутните Командантот на КОД, полковник Васко Коколански, најпрово истакна дека Центарот за индивидуална обука е единица во која се градат капацитетите на столбот на Армијата, место каде се обучуваат војниците и подофицерите за извршување на своите должности во борбените единици на Армијата. На потполковникот Виктор Еркиќ му упати признание за досегашното успешно раководење со единицата, а воедно му посака успех на новата должност. На новиот командант му честита за новото поставување и му порача да биде лидер кој посветено ќе ги унапредува меѓучовечките односи стандарди и вредности на колективот.
Досегашниот командант на ЦИО во своето обраќање најпрво се заблагодари на целокупниот персонал за поддршката, помошта, соработката и разбирањето за периодот во кој ја извршуваше должноста, а на новопоставениот командант му упати честитки за новата должност.
Новопоставениот командант мајор Садат Фера во својот говор се заблагодари за укажаната чест и доверба која му е доверена за поставувањето на должноста командант на ЦИО и истакна дека во наредниот период ќе командува и ќе ја води ова многу значајна единица и заедно со целокупниот персонал ќе придонесе во процесот на стручно оспособување и усовршување на идните подофицери и професионални војници во Армијата.
Г/С