На 27 октомври 2026 година, во Командата за обука и доктрини (КОД), се реализираше официјална средба меѓу командантот на КОД, бригадeн генерал Лулзим Нуредини и одбранбеното аташе на Република Турција, полковник Кемал Џихан Башол.
Во текот на посетата, преку кратка презентација беа претставени мисијата и задачите на КОД, организациско-формациската структура, тековните активности, опремата и капацитетите на единицата, како и идните планови за нејзиниот развој.
На средбата беше разговарано за досегашната соработка, при што беше изразена подготвеност за нејзино натамошно продлабочување преку заеднички активности, размена на искуства и иницијативи од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на продолжувањето на соработката во насока на јакнење на професионалните капацитети.








