На ден 07.09.2023 година, во пресрет на одбележувањето на 17 Септември – денот на 2.пешадиски баталјон и Денот на независноста на Република Северна Македонија, во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираше акција за доброволно дарување на крв во касарните„Јане Сандански“ – Штип и „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево.
Во акцијата припадниците на Армијата ја покажаа и потврдија својата хуманост доброволно дарувајќи 106 крвни единици. Хуманоста е одлика на секој припадник на Армијата, која постојано придонесува за спасување на многу човечки животи.