Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски кој се наоѓа во работна посета на Кралството Норвешка, во текот на денешниот ден во Осло, учествуваше на редовната Конференција на Воениот комитет (ВК) на НАТО.
На Конференцијата која официјално беше отворена од страна на претседавачот на ВК, адмирал Роб Бауер, во присуство на учествуваат и врховните команданти на Сојузничките сили во Европа и на Сојузничките сили за трансформација, генералите Кристофер Каволи и Филип Лавињ се дискутирани повеќе теми согласно агендата.
Во неколку издвоени сесии началниците на Генералштабови на земјите членки на НАТО, согласно агендата разговарале за теми поврзани со зајакнување на одбраната и одвраќањето на НАТО на долг рок, во сите домени и против сите закани и предизвици.
Притоа се посочени потребните мерки кои треба да се преземат врз основа на донесените одлуки од самитот на НАТО во Вилнус, за кое е оценето како клучни мерки дека се регионалните планови дизајнирани за одвраќање и одбрана од двете закани опишани во Стратешкиот концепт и воената стратегија на НАТО: Русија и терористичките групи.
Ова е дел од еволуцијата на НАТО од Алијанса оптимизирана за вонредни операции од големи размери прилагодени за одбрана на секоја педа од сојузничката територија.
Помеѓу останатото овие одлуки се однесуваат на ставање на поголем број на единици на високо ниво на борбена готовност, континуирано градење и развој на способностите и капацитетите, адаптација на командните и контролните структури на НАТО, зголемување на возможностите во аспект на логистика, поддршка на земјата домаќин, одржување, надополнување и предпозиција на залихи, воена мобилност, како и поинтензивна заедничка обука и вежби.
Донесените заклучоци, по завршување на денешната конференција на ВК, се соопштени од претседавачот и врховните команданти на Сојузничките сили.
Генералот Ѓурчиновски оствари и билатерални средби со првите луѓе на сојузничките армии, преку кои се развиваат билатерални одбранбени активности. Ова е заседание на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, кое еднаш годишно се реализира во една од земјите членки, додека редовните сесии се изведуваат во седиштето на НАТО во Брисел.
Сојузниците по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, се согласија за фундаментална промена на концептот за одвраќање и одбраната на НАТО кое вклучува зајакнување на предната одбрана, надградба на борбените групи во источниот дел на Алијансата, трансформација на силите за одговор на НАТО и зголемување на бројот на сили за висока готовност на над 300.000 со дополнително формирање на уште четири мултинационални борбени групи во Бугарија, Унгарија, Романија и Словачка. Со ова вкупниот број на мултинационални борбени групи се зголеми на осум, и тие се протегаат по целото источно крило на НАТО – од Балтичкото Море на север, до Црното Море на југ.
Армијата на Република Северна Македонија во рамките на оваа НАТО операција учествува со единици во Летонија, Бугарија и Романија.