Во периодот од 11.09 до 06.10.2023 година на АП „Криволак“ и полигонот за обука „Пенуш“, се реализираше обука за извидувачи со инструктори од ВС на Обединетото Кралство (ОК) за припадниците од 2.пешадиски баталјон (2.пб) од составот на 1.пешадиска бригада (1.пбр) од Командата за операции.
На завршетокот од обуката присуствуваа амбасадорот на ОК Метју Лосон и командантот на 1.пбр бригаден генерал Сашко Лафчиски. Гостите ги проследија завршните активности од обуката реализирана со извидувачкиот вод од 2.пб и извидувачкото одделение од четата за воено разузнавање од 1.пбр, а присутните имаа можност да ја видат обученоста и подготвеноста на единицата за извршување на сложени извидувачки задачи.
Во текот на обуката фокусот беше ставен на практично извежбување за изработка на набљудувачници, блиско извидување и препад, каде пресоналот покажа висока мотивираност и посветеност во реализација на задачите.
Обуката со инструктори од ВС на ОК е дел од циклусот за обука на припадниците од лесниот пешадиски баталјон (ЛПБН), кои во изминатиот период покрај оваa обука реализираa и индивидуална обука, обука за лидери, одделенска обука, обука за блиска борба и обука за борба во урбана средина.