По завршувањето на вежбата „Trident Juncture 15“ (TJ-15). на ден 04.11.2015 година на полигонот Сан Грегорио, Сарагоса – Шпанија беше реализиран Ден за високи гости на кој присуствуваа делегации од воениот врв на сите НАТО членки и партнерските земји.
Од страна на АРМ на активноста присуствуваше делегација предводена од Заменик на командантот на ЗОК, бригаден генерал Павле Арсоски.
За време на активноста пред присутните се демонстрира високата борбена моќ и компатибилност на мешани мултинационални сили од NRF 16.
Во периодот од 26.09. – 18.10.2015 година припадници на АРМ учествуваа на првиот дел од најголемата НАТО вежба реализирана во последните декади и извршуваа должности на различни штабни позиции при што ја покажаа интероперабилност во работата со НАТО стандардите.