Во периодот од 13 до 15 февруари делегација составена од командантот на 1.пeшадиска бригада (1.пбр), бригаден генерал Сашко Лафчиски, придружуван од тим од 2.пешадиски баталјон (2.пб) од составот на 1.пбр и шефот на Канцеларијата за соработка во одбраната при Амбасадата на САД во Република Северна Македонија, реализираше посета на единиците на 2.коњанички полк лоцирани во Вилсек, Германија.
За време на посетата делегацијата се запозна со капацитетите за поддршка на обуката, како и формите на обуката кои се реализираат за мултинационални состави, со цел достигнување на интероперабилноста на единиците. Воедно беа разгледани можностите за продлабочување и интензивирање на соработката, како и користење на капацитетите и ресурсите за поддршка на нашите единици.
Делегацијата присуствуваше на реализација на повеќе гаѓања, меѓу кои и програмски гаѓања од вооружување на лесното оклопно возило (ЛОВ) STRYKER.
Командантот на 1.пбр ги посети припадниците на Армијата, кои учествуваат на вежбата “KFOR-33“ во делот на “Mission Rehearsal Exercise“ и реализираат обука на полигонот во Хохенфелс, Германија.
ГЃ/СН