Неда Волчева е поручник и командир на чета во македонската Армија. Претходно беше командир на пешадиски вод кој две години по ред беше прогласуван за најдобар вод во вториот пешадиски батаљон. Таа за ТРТ Балкан ја раскажува нејзината приказна за тоа кога станала дел од македонската армија, кои биле нејзините мотиви и како функционира како жена во војничкиот свет во кој доминираат мажи.