Во период од 13 до 21 мај, персонал од составот на Баталјонот на Воена полиција (бВП) учествуваше на меѓународна воено-полициска вежба “Beyond Horizon-24” на полигонот за обука во Ново Село во Република Бугарија.
Покрај припадниците на бВП на меѓународната воено-полициска вежба учествуваа и припадници на Воена полиција од пет земји (Бугарија, Канада, Романија, Грција и САД), со кои нашата Армија има воспоставено соработка од доменот на службите на Воена полиција. Вежбата имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на воено-полициски задачи помеѓу армиите од шесте земји учеснички на вежбата.
Како и досега, припадниците на бВП со своето професионално и одговорно однесување придонесуваат за одлична можност за афирмација и подобрување на угледот на единицата, како и на Армијата во целост, на меѓународно ниво.
За време на вежбата, припадниците на бВП заедно со другите учесници реализираа обука на повеќе теми и тоа: мобилна контролна точка, кордон и пребарување, борбени вештини, операции околу постапка со воени затвореници, задржување и др. Беше демонстрирано високото достигнато ниво на интероперабилност и способност за интеграција во меѓународните сили при извршување на операции со висок интензитет.
Со учеството на припадниците на бВП на вакви меѓународни вежби се овзможува подобро разработување на процедурите, техниките и тактиките во организирањето и изведувањето на воено-полициски задачи, согласно НАТО стандардите.