Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски денес оствари протоколарна средба со резидентно одбранбено аташе на САД за Република Северна Македонија, полковник Ден Сквајарс која е прва официјална средба по стапувањето на должност началник на генералштабот.
На средбата се разговараше за активностите кои се дел од билатералната армиска соработка која се реализира преку голем број на заеднички вежбовни активности, како и поддршката во развој на нашите армиски капацитетите со цел остварувањето на НАТО целите на способности како и за соработката во рамки на НАТО Алијансата.
Притоа беше истакнато значењето на помошта и поддршката која Вооружените сили на САД ја даваат на единиците на Армијата како и поддршката во полето на военото образование при што беше изразена заложба за понатамошно унапредување на соработката.