Заменикот на началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, оствари протоколарна средба со резидентното одбранбено аташе на Република Турција, полковник Реџаи Јилмаз.
На средбата во Генералштабот се разговараше за досегашната билатерална меѓуармиска соработка и согледување на можностите за интензивирање на истата во наредниот период, преку заеднички активности, со цел подобрување на интероперабилноста.
Генералот Нуредин во оваа прилика се заблагодари за континуираната поддршка од страна на нашиот стратешки партнер, Република Турција. Поддршката е изразена во повеќекратни донации во опрема, обука и школувања на припадници на Армијата во воените образовни институции на турските вооружени сили, како и учество на нашите припадници во меѓународните операции во рамки на турскиот контингент.