Во соработка со инструктори од Армијата на Швајцарската конфедерација и инструктори од Одделот за медицинска обука, во Военомедицинскиот центар (ВМЦ) и касарната „Илинден“ во период од 22 октомври до 1 ноември се реализираше „Курс за тактичко згрижување на повредени“ (Tactical Combat Casualty Care-TCCC).
Учесници на курсот беа припадници од Армијата и Балканските медицински наменски сили (БМНС). Учесниците на курсот се обучуваа за стандардизираните постапки при тактичко згрижување на повредени и се стекнаа со нови знаења, вештини и техники кои во иднина ќе ги применуваат за потребите на своите единици.
Воедно се реализираше и „Курс за инструктори за TCCC“, а учесници беа припадници од Армијата и Балканските медицински наменски сили (БМНС).
Со поддршка од бСС, ИРб и бЛП во касарната „Илинден“ се реализираше завршна вежба на која присуствуваа високи гости од Армијата на Република Северна Македонија и Швајцарската конфедерација.
По завршувањето на вежбата, свое обраќање пред присутните имаше командантот на Логистичката база, полковник Мухарем Мухареми, кој во знак на благодарност за долгогодишната соработка, на командантот на Тренинг центарот(SWISSINT), полковник Адриан Штауб му врачи плакета „Пеперутка“, која ја симболизира способноста за трансформирање, преродба и издигнување над секој предизвик.