Во период од 15 до 21 јуни, припадници од баталјонот на Воена полиција (бВП), учествуваа на активност „Close Protection Team Training (CPT-T)“ во Р. Грција.
Обуката имаше за цел да ја унапреди синхронизацијата и координацијата на способностите за изведување на воено-полициски задачи помеѓу двете армии.
Со учеството на припадниците на бВП на вакви обуки се овозможува подобро разработување на процедурите, техниките и тактиките во организирањето и изведувањето на воено-полициските задачи, согласно НАТО стандардите.