Командантот на Командата за операции (КО), бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, денеска во касарната „Боро Менков“ во Куманово оствари проштална средба со шефот на Канцеларијата за одбранбена соработка при Амбасадата на САД во државата, потполковник Шон Руфоло.
За време на средбата генералот Ѓоргоски изрази задоволство и благодарност за сето тоа што потполковникот Руфоло и неговиот тим го направија за време на неговиот тригодишен ангажман во земјава, особено потенцирајќи ја поддршката за развој на Лесниот пешадиски баталјон.
На крајот на средбата генералот Ѓоргоски на потполковникот Руфоло му врачи плакета со логото на Команда за операции, при што му се заблагодари за досегашната успешна соработка и му посака успех во иднина.