Во касарните во зоната на одговорност на Командата за операции по повод 18. Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија, денеска се одржаа пригодни свечаности.
Во пригодниот говор командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски истакна „Оваа година припадниците на Армијата празникот го пречекуваат со компактни формациски состави, опремена и модернизирана со нови современи борбени возила, системи и орудија, што секако ќе биде мотив за многу повисоки резултати и понатамошна успешна афирмација на Армијата, како на домашен, така и на меѓународен план“.
Во касарните кои се во составот на Командата за операции од страна на командантите и нивните заменици се укажа на значењето на Армијата на Република Северна Македонија како земја членка на најголемиот воен сојуз во светот, НАТО Алијансата.
На свеченоста по повод 18 август Ден на Армијата беа прочитани честитки и наредби за унапредување во единиците, како и награди и пофалници.