На ден 01.10.2025 година, припадниците на Командата за операции со единиците лоцирани во Гарнизон Куманово како и припадниците на баталјонот за врски, а по повод одбележување на Деновите на единиците, организираа крводарителни акции.
Крводарителните акции беа во соработка со Центар за трансфузиологија, Скопје и ГОБ „8 ми Септември“, Скопје со што уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело дарувајќи 76 крвни единици за да помогнат во спасувањето на повеќе човечки животи.
Овие иницијативи се дел од континуираните заложби на Армијата за поддршка на институциите и бројот на учесници и единици крв постојано расте.