Во период од 22.12 до 23.12.2025 година, во касарната „Јане Сандански“во Штип, во рамки на планираните активности и билатералната соработка со Вооружените сили на САД се реализираше обука на тема: „Меѓународно човеково право и меѓународно хуманитарно право од „Mandatory Human Rights Training“.
Обуката беше реализирана од страна на претставници од Институтот за одбрана на меѓународно правни студии од САД.
Персоналот од 2.пешадиски баталјон од составот на 1.пешадиска бригада имаше можност преку стручни предавања, анализи на практични примери и интерактивни дискусии да се запознае со основните принципи на меѓународното човеково право, заштита на човековото достоинство, како и основните правила и принципи на меѓународно хуманитарно право, вклучително и заштита на цивилното население, принципите за разликување на пропорционалноста и воена нужност.
По завршување на активноста, на учесниците на обуката им беа доделени сертификати.
Со ваквите активности, кои се реализираат во Армијата, се придонесува за зајакнување на професионалните капацитети и почитувањето на човековите права и нормите на меѓународното хуманитарно право.
ГЃ/ДЧ








