На ден 01.01.2026 година, традиционално на првиот ден од Новата година во посета на припадниците на Армијата, ангажирани во поддршка на МВР во кризна состојба во КПУ-КПД ,,Идризово“ и на припадниците на Армијата ангажирани на јужната граница, беше командантот на прва пешадиска бригада (1.пбр) бригаден генерал Дејан Чиплаковски.
Честитајќи им ги новогодишните празници, генералот Чиплаковски беше запознаен со тековната состојба, проблемите и предизвиците што постојат во текот на извршувањето на секојдневните обврски и задачи.
ГЃ/ДЧ








