Во период од 12 до 16 јануари 2026 година, во касарната „Јане Сандански“ – Штип, се реализираше Главната планирачка конференција (ГПК) за вежбата „Блесок 26“.
Групата за планирање активно работеше на финализирање на планот за вежбата, кој ги вклучува сите детали како што се временските рамки, учесниците, одговорностите и задачите на секој од нив. Сценариото за вежбата, како и поврзаните оперативни документи, беа дополнително разработени и усогласени за да обезбедат максимална координација и ефикасност за време на реализацијата на вежбата.
Во текот на конференцијата, се работеше на листата на главни настани и инциденти со кои ќе се симулираат дадени ситуации, со цел да се создаде што попрецизна и реалистична ситуација за учесниците на вежбата. Понатаму, беше подготвен и финализиран списокот на персоналот кој ќе учествува во вежбата, како и логистичките потреби, вклучувајќи ги сите потребни ресурси и материјали.
Дополнително, беше развиен и планот за комуникации кој ги покрива процедурите за ефикасна координација помеѓу учесниците. Во рамките на логистичките подготовки, беа разгледани и искажани потребите за транспорт, опрема и други ресурси за поддршка на вежбата, за да се осигура дека ќе бидат достапни на време.
Во рамките на Главната планирачка конференција беше реализирана и обиколка од страна на командантот на Командата за операции, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски, при што беше согледан текот на планирачките активности и нивната усогласеност со поставените цели.
Конференцијата беше успешен чекор во подготовките за вежбата и претставува важен дел од напорите за постигнување на максимална ефикасност и координација за спроведување на наредната активност од планирачкиот процес, планирана да се реализира во месец февруари.








