Во периодот од 30.06.2014 до 10.07.2014 година припадници од Ренџерскиот баталјон од составот на полкот за Специјални Операции учествуваат во мултинационалната вежба „Платинест волк 2014“ која се реализира во Република Србија.
На вежбата покрај припадниците на АРМ учествуваат и припадници од вооружените сили на Србија, Бугарија, Романија, Азербејџан, Хрватска и Соединетите Американски Држави. Цел на вежбата е промоција на употребата на несмртоносните оружја во мировните мисии и зголемување на партнерските капацитети на земјите учеснички.
Вежбовните активности се одвиваат во две фази и тоа во првата ќе се врши запознавање со можностите на несмртоносните оружја и нивно користење, додека во втората фаза ќе се обработуваат теми од мировните мисии како што се патрола, контролна точка итн.
Мултинационалните вежби се одлична можност за размена на искуства, зголемување на способностите на единиците, интероператибилноста како и градење на меѓусебни односи.