На ден 10 и 11.02.2026 година, во касарната Боро Менков во Куманово и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово, во соработка со Црвениот Крст и одделот за трансфузиологија, се реализираа акции за доброволно дарување на крв.
Истите беа реализирани во пресрет на одбележувањето на 26 февруари – Денот на Баталјонот за борбено-сервисна поддршка (бБСП) од составот на првата пешадиска бригада (1.пбр) и патронатот на касарната ,,Кузман Јосифовски-Питу“ во Тетово.
Припадниците на Армијата уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело доброволно дарувајќи 78 крвни единици.
Хуманоста придонесува за спасување на многу човечки животи и е одлика на секој припадник на Армијата.








