Во период од 9 до 12 февруари 2026 година, во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп во просторите на Артилерискиот баталјон и на стрелиштето ,,Леково“ се реализираше обука за предни набљудувачи.
Во текот на обуката, персоналот од Артилерискиот баталјон и персоналот од родот артилерија од составот на пешадиските баталјони на Прва пешадиска бригада (1.пбр), теоретски преку презентации, дискусии и размена на лични искуства, се стекнаа со нови и ги надградија и подобрија своите знаења од областа на артилеријата.
На крајот на обуката се реализираше артилериско боево гаѓање со хаубица М2А1 105 мм со вметната цевка 20 мм на стрелиштето „Леково“, на кое во улога на командири на водови и одделенија беа питомците од трета и четврта година од родот артилерија.
Обуката за предни набљудувачи претставува можност за обновување на досегашните и стекнување на нови знаења, но и за надминување на предизвиците од доменот на артилеријата, со што беше остварена целта на неколкудневната обука на персоналот за работните обврски и задачи како предни набљудувачи во единиците на 1.пбр.








