Во рамки на активностите на Баталјонот на Воена полиција, беше реализирана методско-показна вежба на Одделението за истраги на кривични дела и компјутерски криминал во одбраната (оИКДиККО) на тема „Постапки при вршење на увид при сторена кражба“.
Преку практична демонстрација беа прикажани постапките и процедурите при вршење увид, како и високото ниво на обученост и координација на припадниците на оИКДиККО.
Вежбата претставува значаен придонес кон унапредување на стручната оспособеност и тактичката подготвеност на припадниците на Воената полиција, во насока на доследна примена на пропишаните процедури при извршување на службените задачи.








